Од 10-13 јули, Кинотеката на Северна Македонија ќе ја реализира летната кинопрогарама со проекција на филмови во дворот на установата.
Од Кинотеката најавуваат 4 дневен настан со 4 современи европски филмови во рамките на European Film Challenge.
Проекциите започнуваат во 21 часот, а прв филм е „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, филм на Теона Стругар Митевска.
Следен филм е „Гостинот“ (11.107 2020), Италија / Швајцарија / Франција. Режија: Дучо Кјарини. Следи австрискиот филм „Земјата под моите нозе“ во режија на Мари Кројцер.
В понеделник на програма на летната сцена на Кинотеката е „Сонот на Катрина“, копродукција помеѓу Швајцарија и Италија, во режија на Дарио Бишофбергер и Мирко Бишофбергер .
Влезниците се по 100 денари
Кинотеката ги воведе следниве правила за безбеднос во коронакризата.
– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)
За време на 4 дневниот настан, поддржан од European Film Challenge секој посетител ќе добие бесплатен освежителен пијалак со купениот билет.