Ретроспективна изложба на авторот Павле Кузманоски ќе биде отворена вечер во Чифте амам. Од Националната галерија на Република Северна Македонија информираат дека официјалното отворање на изложбата е закажано за 18:30 часот со почитување на протоколот за социјална дистанца. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври. Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија.
Кузманоски досега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјава и во странство, и тоа во Париз, Берлин, Нирнберг, Виена и други. Учествувал и во над 250 групни изложби во земјава и во странство.