„Хипноза“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи овој четврток во 20 часот. На овој концерт ќе прозвучат три дела, меѓу кои и еден од највозбудливите концерти за пијано – Вториот на рускиот композитор Сергеј Рахмањинов.
Романтичниот концерт од Рахмањинов ќе го изведе македонската пијанистка Марија Ѓошевска, а диригент е маестро Антони Вит, полски диригент, добитник на „греми“. На програмата се и Серенада за дувачи од Рихард Штраус и Серенада за гудачи од Мјачеслав Карлович.