„Кубански оган“ (Cuban Fire) е насловот на концертот на Националниот џез-оркестар што е закажан за денеска (20 февруари) во Филхармонијата со почеток во 20:00 часот, а именуван по истоимениот албум на американскиот лидер на џез-бенд, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Концертот се фокусира на афрокубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии.
Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот „Кубански оган“ (Cuban Fire), вистинско биг-бенд ремек-дело што критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката“.
На концертот, Оркестарот ќе настапи со засилена дувачка и ритам секција, сето тоа за поголема автентичност при доловувањето на афрокубанските ритми и мелодии кои доминираат во избраниот репертоар.