Меѓународна награда „Да, за уметноста“ за министерот Зоран Љутков

од admin_kult

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е добитник на меѓународната награда „Да, за уметноста“, што ја доделува жирито на Медитеранските меѓународни театарски награди, во организација на реномираниот „Театарски весник“ (Theater Newspaper).

Наградата е признание за неговиот вкупен придонес во областа на театарската уметност – од неговото образование и актерска дејност, преку уметничкото и институционално раководење, до организирањето меѓународни театарски фестивали кои оставија трага на културната сцена во Македонија.

Жирито го следеше и го вреднуваше придонесот во областа на театарот во седум медитерански региони на Турција и во седум земји од странство, наградувајќи истакнати личности кои оставиле значаен белег во периодот 2024 – 2025 година.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи во Анталија, во рамките на настанот што ќе се одржи од 19 до 21 септември 2025 година, а министерот Љутков треба да ја прими наградата на церемонија што ќе се одржи на 20 септември.

Признанието претставува меѓународна потврда за неговата долгогодишна посветеност во афирмација на театарската уметност како културна вредност, како и за неговиот ангажман во унапредувањето на културната дипломатија на Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе