Со петнаесетминутен аплауз на сцената на Националниот театар во Будимпешта, беше поздравена бугарско-македонската театарска екипа што ја создаде претставата „Без крв“, работена според романот на Алесандро Барико.
Претставата не само што ја заокружи програмата на Меѓународниот театарски фестивал МИТЕМ, туку со право беше обележана како кулминација на целото издание на фестивалот.
Претставата е копродукциски проект меѓу Драмскиот театар од Пловдив и Драмскиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес, во рамките на меѓународниот проект „Манифест“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија и Министерството за култура на Бугарија, како и од други културни партнери.