Државниот симфониски оркестар од Солун со концерт во Филхармонија

од admin_kult

Државната секретарка Марија С. Ѓоргова во Филхармонијата присуствуваше на концертот на Државниот симфониски оркестар од Солун, кој за првпат во неговото 66-годишно постоење настапи во Скопје.

На концертот, под диригентската палка на маестро Владимирос Симеонидис, настапија водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчески.

„Проследивме врвна програма со исклучителни изведувачи – маестро Симон Трпчески и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Овој убав настан пред многубројната публика е доказ дека културата обединува и ги руши сите бариери! Да продолжиме уште посилно да ја градиме културата во духот на заедништвото“, рече  Ѓоргова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе