Во Белград свечено отворен македонскиот Културно-информативен центар

од admin_kult

„Ајде, слушаш слушај..“ беше насловена пригодната програма со која синоќа во Белград свечено беше отворен макeдонскиот Културно-информативен центар – новиот дом на македонската култура, јазик, уметност и традиција, во главниот град на Република Србија.

На отворањето пред многубројните гости свои обраќања имаа потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ, министрот за култура и туризам Зоран Љутков, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчевски и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Во поздравното обраќање министерот Зоран Љутков истакна  дека отворањето на центарот испишува нова страница во соработката во културата меѓу двете држави.

 „Да се отвори македонски културен центар овде во Белград, токму на улица која го носи името „Македонска“, не е само случајност, ова е и порака и сведоштво дека културата ги поврзува не само државите туку и луѓето. Овој центар отвора нова страница во соработката меѓу двете држави, страница испишана со доверба, заеднички вредности и искрена волја за културна размена“, рече министерот Љутков.

Тој додаде дека центарот ќе биде место за нови пријателства и заеднички иницијативи за сите кои сакаат да ја запознаат македонската култура.

„Знам дека нашата музика, театарска уметност и традиционални вредности имаат посебно место во срцата на српскиот народ и ова вечерва е уште една потврда за тоа. Во исто време, овој центар ќе биде и духовен дом за македонската заедница што живее и создава во Србија – место каде што ќе се негува сопствениот идентитет, но и ќе се отвораат врати за нови пријателства и заеднички иницијативи, како и за сите пријатели што сакаат да ја запознаат душата на македонскиот народ“, рече Љутков.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе