За првпат во неговото 66-годишно постоење, Државниот симфониски оркестар од Солун ќе настапи во Скопје во салата на Филхармонијата на Северна Македонија.
Солунскиот државен симфониски оркестар на 16 мај ќе изведе дела од Емилиос Риадис и Морис Равел, со специјални гости од двете земји, како водечката сопранистка Мирто Папатанасиу и пијанистот Симон Трпчевски.
Со Оркестарот ќе диригира грчкиот диригент Владимирос Симеонидис.
Со делата на Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис се одбележуваат 150 години од раѓањето на Равел и 90 години од смртта на Риадис.