Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

од admin_kult

„Музички мостови“ е насловот на концертот на триото „Интерарт“ од Битола што ќе се одржи денеска во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Како што информираат од  македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. На програмата се дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и Кларк.

Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул и се реализира во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе