Културно-информативниот центар – Скопје објави конкурс со кој ги повикува сите музичари и уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата „Звукот на Скопје“ за 2025 година.
„Заинтересираните страни на еден ворд-документ треба да поднесат апликација со: кратка биографија, опис на проектот и евентуални материјали во врска со проектот (линкови, фотографии, технички рајдер и сл.). Потребната документација треба да се испрати на e-адресата info@kic.mk со subject ’За ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ‘. Конкурсот ќе трае до 2.5.2025 година“, велат организаторите.
Средствата за избраните проектите се обезбедени од Град Скопје и Министерството за култура и туризам.