Скопскиот поетски фестивал од 24 до 26 април со домашни и странски поети

од admin_kult

Петтото издание на Скопскиот поетски фестивал од денеска до 26 април ќе се одржи на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје.

Мотото на годинашниот фестивал е „Од ритам до алгоритам“ („Поезијата е ритам ‒ од срцата в гради до пулсот на градот./Јазикот е алгоритам ‒ со кодови го храни за смислата гладот“). На фестивалот ќе гостуваат поети од Словенија, Турција, Грција, Србија и од Бугарија, а ќе настапат и триесетина домашни поети.

Официјалното отворање е закажано за 24 април во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, а во деновите што следуваат ќе се одржат неколку поетски читања, поетско-музички перформанси, промоции на книги, изложба на парфеми, а ќе се одржи и мастер-клас/работилница за креативно пишување поезија.

Годинашното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе