НУБ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

од admin_kult

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска  ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година.

На настанот ќе бидe прочитана светската порака за книгата од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, како и македонската порака што годинава ја напиша проф. д-р Славица Велева.

Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор – Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе де Вега. Идејата се засновува врз стариот каталонски обичај да се подари книга и роза, соопшти НУБ за настанот кој и оваа година го организира со поддршка од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право 23 април 2025 година

Македонска порака од проф. д -р Славица Велева

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе