Драмскиот театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Гора, каде што од 7 до 12 април, во организација на Центарот за култура Тиват, се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.
Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април 2024 година. Гостувањето во Тиват ќе биде 12 изведба на претставата и второ гостување надвор од матичната сцена. Драмскиот театар со оваа претстава гостуваше на РУТА во Сараево во мај 2024 година и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во јуни 2024 година.
„Хеда Габлер“ е работена по текст од Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, а адаптацијата е на Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов, а костимите ги изработи Розе Трајчевска-Ристоска.
Улогите ги играат актерите од Драмскиот театар Скопје: Сања Арсовска, Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.