Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по повод трагичната несреќа што рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Министерот Љутков порача дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои им е потребно тоа.