Средба на министерот Љутков со амбасадорката на Холандија Џанел

од admin_kult

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна средба со Озлем Џанел, амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

На средбата, која помина во пријатна и сречна атмосфера соговорниците се согласија дека Македонија и Холандија имаат добри културни врски, и иако обемот на активностите е далеку од посакуваниот,  сепак постои желба за нејзино унапредување.

Љутков ја информираше амбасадорката Џанел за проектите кои се поддржани во рамки на Годишните конкурси на Министерството за култура за оваа 2025 година. Во тој контекст Љутков истакна дека меѓународната соработка и презентација се еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам и дека е планирана реализација на повеќе содржини и проекти кои ќе бидат во функција на афирмација и промоција на државата во меѓународни рамки.

Министерот Љутков ја информираше амбасадорката за проширената надлежност на министерството  кое покрај културата сега го вклучува и туризмот, истакнувајќи дека за овие шест месеци  бројот на странски туристи е зголемен за 4 проценти. Тој додаде и дека холандскиот пазар е мошне значаен за развојот на туризмот бидејќи тоа што земјава е богата со традиција, културни и природни богатства ја прави доволно атрактивна  за туристите од оваа земја.

Амбасадорката Џанел го информираше министерот дека согласно последните информации со кои располага, минатата година Охрид го посетиле околу 25 илјади посетители што говори за интересот на туристите од оваа држава. Таа изрази уверување дека оваа бројка ќе се зголеми и најави дека првата група на туристи од Холандија веќе на 17 мај ќе ја посети нашата земја.

На средбата двајцата соговорници го потенцираа и фактот дека во културните политики на двете држави креативните индустрии се во највисоките приоритети.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе