Концерт на Солунската филхармонија во Скопје

од admin_kult

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај од 19:30 часот ќе одржи концерт во Филхармонијата. Гостувањето во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската филхармонија во Софија на 17 февруари со музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“.

Како солисти ќе настапат македонскиот пијанист со интернационална кариера, Симон Трпчески, и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент ќе биде Владимирос Симеонидис од Грција, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар во Ге-дур од Морис Равел, „Пет народни грчки песни“ во оркестрација на Равел и Розентал, „Ла валс“ од Равел и неколку композиции од грчкиот композитор Емил Ријадис.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе