„Жените и фотографијата“ е насловот на изложбата на уметнички фотографии што ќе биде отворена утре (6 март) во 19:00 часот во изложбениот салон на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Оваа традиционална изложба во организација на „Фотоклубот“ Куманово годинава привлече учеснички од многубројни фотоклубови низ земјава, со повеќе од 250 пријавени фотографии. Стручниот селектор направи избор на 80 најдобри дела кои го претставуваат богатството на женската фотографска визија.
Изложбата, посетителите ќе можат да ја видат во наредните 14 дена.