„Бајка“ е концертот што ќе се одржи в четврток, со почеток во 20:00 часот, на кој како солистка ќе настапи нашата виолинистка Ана Кондратенко, концертмајстор во Македонската филхармонија.
На концертот, Кондратенко освен што ќе настапи како солистка, ќе се претстави и како диригентка со Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Таа ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!“ („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели.