Средба на министерот Љутков со полскиот амбасадор  Бримора

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора.

На средбата, соговорниците дискутираа за културно-дипломатските активности  кои претставуваат важен потенцијал за соработка.

Амбасадорот Бримора истакна дека досега имал можност да ги посети поголемите институции од областа на културата во нашата земја и да се запознае со нивната работа. Тој додаде дека еден од приоритетите во наредниот период секако ќе биде претставувањето на полската култура во Македонија. Во тој контекст, амбасадорот информираше дека се остварени контакти со Театар „Комедија“, Џез-фестивалот и со фестивалот „Охридско лето“, каде што оваа година ќе настапуваат и уметници од Полска.

На средбата беше истакнато дека овој период, кога Полска претседава со Европската Унија, е одлична можност за воспоставување директни контакти меѓу институциите од двете земји. Во тој контекст беше и информацијата за неодамнешното отворање на нов Музеј на современата уметност во Варшава и беше изразена намера за поврзување на двете сродни институции за реализација на заеднички проекти.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе