Во Археолошкиот музеј денеска во 12:00 часот ќе се одржи промоција на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ – издание што претставува сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство.
Изданието е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација, велат од Музејот.
Во подготовката на каталогот „100 предмети од збирките на археолошкиот музеј“ учествуваа 20 кустоси, а издавањето го овозможи Министерството за култура и туризам.