Балетската претстава за деца „Петар Пан“ во Националната опера и балет

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет денеска (21 февруари) со почеток во 19:00 часот ќе биде изведена  една од најпопуларните и најгледани балетски претстави за деца, „Петар Пан“, во продукција на НОБ.

Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најпопуларните детски приказни. „Петар Пан“, лик што го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери, ќе ги воодушеви малите и големите со својата авантуристичка приказна, во која главниот херој живее на волшебниот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе