Драмски театар – Скопје распиша конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за драмско дело на автори до 30 години

од admin_kult

Драмски театар отвори јавен повик за драмски текст, за востановената награда „Горан Стефановски“, за најдобар текст од македонски млад автор до 30 години.

– Наградата треба да го стимулира драмското творештво на младите автори кои низ изведбите ќе живеат на сцената на Драмскиот театар, претстави кои ќе го отсликуваат времето во коешто живееме – рече директорот Вељановски.

Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар.

Рокот за поднесување пријава и друга потребна документација е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Конкурсот за оваа година е отворен од  денеска,  6 февруари, и ќе трае до 20 февруари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе