Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска се годинашни добитници на меѓународна награда „Гоцева мисла“, што се доделува по повод 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, за ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство.
Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“. Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, која и годинава започнува на 4 февруари, а ќе заврши на 8 март.