Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија потпишаа меморандум за соработка

од admin_kult

Македонскиот народен театар (МНТ) и Националниот театар од Будимпешта (Nemzeti Színház) потпишаа меморандум за соработка.

– Со потпишувањето на меморандумот, Македонскиот народен театар и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери кои ќе реализираат заеднички проекти и размена на претстави, уметници и идеи, учествo на фестивали, како и други културни настани што ќе го збогатат театарскиот живот во двете земји, како и поддршка на младите театарски уметници – вели директорот на МНТ, Никола Кимовски, кој заедно со режисерот Дејан Пројковски престојува во Унгарија.

Една од главните заложби ќе бидат и заедничките европски проекти, со цел создавање нови естетски вредности и креативни искуства.

Како што истакна директорот Кимовски, веќе се договорени гостувања на МНТ во Будимпешта и гостување на Националниот театар (Nemzeti Színház) од Будимпешта во Скопје. Исто така, по повод јубилејот „80 години МНТ“, во Скопје гостин ќе биде и директорот на Националниот театар од Будимпешта, Атила Видњански, со најблиските соработници.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе