Премиера на монодрамата  „Којзнае зошто“  во Битолски театар

од admin_kult

Во Битолски театар утревечер, 30 јануари, со почеток во 20:00 часот,  премиерно ќе  биде одиграна монодрамата „Којзнае зошто“ во режија на Дамјан Читкушев, работена според „Сонот на смешниот човек“ од Ф. М. Достоевски.

Во монодрамата игра Ане Блажовски.

Монодрамата „Којзнае зошто“ е приказна за човек што ја губи вербата, но и чин на освестување за надежта што тлее во нас, дури и кога таа изгледа недостапна.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе