Промоција на монографијата „Современа македонска фотографија 1945 – 2020“ и изложба на дела од архивата на Фотосојузот на Македонија

од admin_kult

Промоција на монографијата „Современа македонска фотографија 1945 – 2020“ и изложба на дела од архивата на Фотосојузот на Македонија ќе се одржат на 30 јануари, четврток, со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Од Фотосојузот истакнуваат дека монографијата е капитално дело и е единствена од ваков вид со вовед во историскиот и креативен развој на фотографската уметност во Македонија. Претставува пресек на речиси 80-годишно творештво на автори членови на Фотосојузот на Македонија.

На изложбата премиерно ќе бидат претставени автентични дела од архивата на Фотосојузот на Македонија. Автори на делата се: Цветко Иванов, Благоја Дрнков, Кирил Билбиловски, Лазо Величковски, Ѓорѓи Гога Попов, Живко Јаневски, Благоја Бањански, Александар Цветиновски, Ацо Кондев, Владо и Лазо Плавевски, Билјана Јуруковска, Владимир Тодоров, Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Валентин Малинов, Раде Луковиќ, Драги Неделчевски, како и автори од помладата генерација.

На промоцијата, монографијата ќе може да се купи на штандот на „Чудна шума арт“.

Монографијата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе