Македонскиот народен театар со особена чест и задоволство ве поканува на сеќавањето во чест на актерот Кирил Псалтиров, што се одржува во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар.
Кирил Псалтиров беше актер кој долги години беше дел од театарот и за чија харизма и вештина останува да се зборува и денес. Сеќавањето ќе се одржи денес, во 12:00 часот, во фоајето на Македонскиот народен театар.
Тој беше еден од првата генерација актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот народен театар. Таму одигра многубројни улоги во најпопуларните претстави, како: „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Ревизор“ и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл „Свирачот на покрив“. Играше во многу македонски филмови, како: „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, „Пресуда“, „Мисија Лондон“ и многу други, како и во многубројни ТВ-серии, како: „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, но и во популарните „Македонски народни приказни“ и „Тврдокорни“, каде што беа особено забележани неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски.