Објавен конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

од admin_kult

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2025“, кој се одржува во рамките на Интернационалниот струмички карневал на тема „Карневал-еротика“.

Според пропозициите на конкурсот за афоризам, секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд.

Во категоријата карикатура секој автор може да учествува најмногу со три карикатури работени во техника по избор на авторот, со димензии А4, а на секоја карикатура треба да има податоци за авторот на задната страница.

Афористичарите и карикатуристите своите дела треба да ги испратат најдоцна до 20 февруари 2025 година, а жири-комисијата ќе додели златна, сребрена и бронзена плакета, со право на жирито да одреди дополнителен број награди.

Наградите ќе се доделат на 3 март 2025 година, Чист понеделник, кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе