Претставата „Магична симфонија“ премиерно во Штипскиот театар

од admin_kult

На сцената на Народниот театар – Штип вечер (17 декември) во 19:00 часот премиерно ќе биде изведена театарската претстава за деца „Магична симфонија“ од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов.

Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, а гласот на цвеќето е Елена Шорова Дербов.

Композитор е Илија Ќосевски, костимите ги изработи Ирена Китанова Мирасчиева, кореографијата е на Марија Минчева Андонов, сценографијата и анимациите се на Никола Ристов, а дизајнот е на Анѓелка Нашкова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе