Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ

од admin_kult

На големата сцена на Македонскиот народен театар вчера и денеска (16 и 17 декември) од 20 часот се двете премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски.

Претставата обработува безвременски теми од нашата заедница, испреплетени една низ друга и раскажани преку добро познатите ликови од драмите на Стефановски.

Во „Замисли нов свет“ се појавуваат актери од различни генерации и секој од нив толкува повеќе улоги одеднаш. Актерската екипа што се појавува на сцената на МНТ е составена од: Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Претставата е режирана од Нела Витошевиќ, по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска. Во креативниот дел се потпишуваат уште и композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски и костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.

Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона на Македонскиот народен театар, овојпат во продукција на „Сектор филм“ и копродукција на Македонскиот народен театар, а како продуценти се потпишуваат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе