Работен состанок на Работната група за изработка нов Закон за заштита на културното наследство

од admin_kult

Во просториите на Порта Македонија, вчера (12.12.2024 г.) се одржа редовна средба на Работната група за изработка на нов Закон за заштита на културното наследство, формирана од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

На состанокот, членовите на работната група, докажани професионалци и практичари од областа, разменија мислења и ставови  во смисла на ефикасна промоција на културното наследство преку туризмот.

Новиот законски наратив предвидува рационализација на меѓуинституционалните административни постапки, особено на релација Министерство за култура и туризам – Управа за заштита на културното наследство – национални и локални установи за заштита на културното наследство. Олеснета административна комуникација се предвидува и меѓу надлежните установи од оваа област и имателите на објекти што се во приватна сопственост, а имаат статус на заштитено добро.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе