Министерството за култура и туризам не врши избор за наградата „Мето Јовановски“: Одборот именуван од Собранието на РС Македонија одлучува за добитниците

од admin_kult
Logo

Во интерес на точно и правилно информирање, а во врска со одредени реакции по одлуката за доделување на државната награда  „Мето Јовановски“ за 2024 година, Министерството за култура и туризам информира дека во согласност со член 12 од Законот за државни награди, државните награди ги доделуваат одбори за доделување на наградите кои се составени од претседател и 12 члена.

Претседателите и членовите на одборите ги именува Собранието на РС Македонија       од редот на истакнати лица од областите за кои се доделуваат наградите. Мандатот на претседателите и на членовите на одборите трае две години. Работата на одборите е јавна. Одборите ги донесуваат одлуките за доделување на наградите со тајно гласање, доколку не утврдат гласањето да биде јавно.

Во членот 19 од Законот е наведено дека Министерството за култура и туризам ги извршува само стручните, финансиските и административните работи во врска со доделувањето на наградите.

Министерството за култура и туризам информира дека одборите за доделување на државните награди работат независно, слободно и транспарентно.

Мандатот на одборите е во времетраење од две години. Одборот за наградата „Мето Јовановски“ е именуван на 2 ноември 2023 година и мандатот му завршува на истиот датум во 2025 година.

Јавноста е информирана дека актуелниот Одбор за доделување на наградата „Мето Јовановски“ со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права е во состав: Александра Цветановска, претседател, и членовите: Александра Бубевска, Филип Стојановски, Лулзим Хазири, Ана Аврамовска, Ашмед Елезовски, Ангел Димитриевски, Тамара Чаусидис, Петар Барлаковски, Наташа Бошкова, Маргарита Гулевска, Вера Коцо и Румена Ѓердовски-Којчески.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе