Во МНТ инклузивна танцова претстава „Мјузикл“

од admin_kult

Денеска (3 декември), по повод Светскиот ден на лицата со попреченост, во Македонскиот народен театар од 19:00 часот ќе биде изведена десеттата, јубилејна инклузивна танцова претстава „Мјузикл“.

Со оваа претстава, инклузивното танцово студио „Денсерс јунајтед“  одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде што сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност.

Во претставата, работена по сценарио и режија на Сара Кочан, ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст, кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.

Инклузивната претстава се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе