Во Народниот театар во Штип утревечер (30 ноември) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски. Kостимограф во претставата е Марта Дојчиновска.
Станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска-Трпеноска го напишала инспирирана од вистинска приказна. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија, како и деструктивното однесување во средината во која живееме.
Во претставата играат: Марија Минчева Андонов, Елена Шорова Дербов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Ава Хусеини, Пеце Ристевски, Стефанија Митовска, Миле Вратеовски.