Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (26 ноември) во Владата на РС Македонија ќе оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој ќе престојува во дводневна работна посета на нашата држава.
По средбата, предвидени сe потпишување на Меморандум за соработка во областа на културата, кој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави, и изјави за медиумите.
Ве покануваме во 10:00 часот со свои екипи да го проследите настанот.