Во КИЦ во Софија промоција на делото „Една книга“ од Валентин Нешовски

од admin_kult

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер (22 ноември) ќе биде претставено делото „Една книга“ од македонскиот писател Валентин Нешовски. Книгата на бугарски јазик ја издаде издавачката куќа од Бургас „Либра Скорп“ со финансиска поддршка од македонското Министерство за култура и туризам. Преведувач е Наталија Недјалкова, а уредник на бугарското издание е Роза Бојанова. Книгата ќе ја претстават Наталија Недјалкова, Роза Бојанова и авторот Валентин Нешовски.

Издавачот Денчо Михов за романот вели дека „под навидум непретенциозниот наслов се крие дело исклучително богато со содржина и опфат на теми, идеи и проблематика.

Жанрот се колеба помеѓу фантастиката, која достигнува до фантазмагории, преминува низ филозофија, наука, религија и доаѓа до глобални размислувања за минатото, сегашноста, иднината, за вештачката интелигенција, за универзумот, простор-временскиот континуум, бесконечноста и единството на реалноста. Сето ова вешто споено, умерено комбинирано и елегантно испреплетено, на читателот му поставува повеќе прашања отколку што дава одговори. Во комбинација со совршениот превод на бугарски јазик од Наталија Недјалкова, книгата успева да му ги претстави на читателот во исклучително пристапна, пријатна и забавна форма тешките филозофски мисли кои се претставени овде во уметничка форма“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе