Премиера на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов

од admin_kult

Во Македонскиот народен театар вечер (20 ноември) со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „12“, во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите на „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз.

Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Асистент на режијата е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото е Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

„Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Таа е посветена на прерано починатиот, наш соработник и, пред сѐ, голем пријател, Мирко Попов“, информираат од МНТ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе