Комисијата за полагање испит за лектор информира дека влезниот дел од испитот ќе се одржи на 25 ноември со почеток во 11 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Практичниот дел од испитот ќе се спроведе веднаш по прегледувањето на тестовите.
Кандидатите може да носат со себе пренослив компјутер за електронскиот дел од практичниот испит.
Усниот дел од испитот ќе се одржи на 27 ноември со почеток во 11 часот.
Консултациите со заинтересираните кандидати ќе се одржуваат по претходен телефонски договор:
проф. д-р Лидија Тантуровска (телефон: 079 / 237-116)
проф. д-р Весна Костовска (телефон: 075 / 298-496)
проф. д-р Томислав Треневски (телефон: 076/ 469-468)