Годишна изложба на основните училишта, „Беди и јас“

од admin_kult

Во Чифте амам денеска (19 ноември) во 13 часот ќе биде отворена Годишната изложба на основните училишта, „Беди и јас“.

Едукаторот од Националната галерија, Маја Димитрова, информира дека творештвото на Ибрахим Беди било одлична можност и нов предизвик за учениците.

„Во рамките на проектот, учениците имаа можност да го запознаат авторот лично и да поминат повеќе време заедно. Беа организирани и работилници кои беа под менторство и во соработка со тимот едукатори, визуелни уметници, како и музичари од Универзитетот ’Фонтис‘ од Холандија и Maaike Fekkes“, информираат од Националната галерија. Во проектот учестуваа десет основни училишта од Скопје.

Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 21.11.2024 г.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе