Љутков од Приштина: Ќе подготвиме нова програма за унапредување на културната соработка

од admin_kult

Владите на Северна Македонија и на Косово денеска во Приштина одржаа заедничка седница, по чие завршување беа потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изрази задоволство од досегашната билатерална соработка во делот на културата меѓу двете држави со можности за нејзино унапредување.

„Во наредниот период ќе подготвиме нова програма или календар на настани кои ќе ја интензивираат и онака плодната соработка меѓу театрите од двете држави, ќе ја институционализираат соработката меѓу националните филхармонии, фолклорните ансамбли, а ќе настојуваме да реализираме и активности во областа на заштитата и промоцијата на културното наследство што го поседуваме“, потенцираше министерот Љутков.

Тој изрази уверување дека со потпишување нов договор за културна соработка, ќе се даде дополнителен импулс во воспоставувањето и унапредувањето  на  институционалната соработка, заеднички проекти и иницијативи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе