Тридневна ревија на македонскиот филм и музика во Белград

од admin_kult

Тридневен настан со филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми кои ќе бидат дел од ревијата посветена на македонскиот филм, ќе се одржи од 14 до 16 ноември во УК „Пароброд“ во Белград.

Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент. Филмскиот дел вклучува: документарни, краткометражни и долгометражни играни филмови, како и македонски класици (во соработка со Кинотеката на Северна Македонија) и филмски дневници (во соработка со „Филмските новости“ на Србија). Посебен куриозитет се филмските дневници – досега необјавени архивски материјали од „Филмските новости“ – кои ќе прикажат сегменти од животот во Македонија.

Фестивалот ќе го отвори светски признатиот документарен филм „Медена земја“, а проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерката Тамара Котевска. По проекцијата ќе следува настап на Пијан Славеј. Посебно место во програмата зазема и култниот филм „ДАЕ“ на режисерот Столе Попов, како и краткометражните филмови „Северен Пол“ на Марија Апчевска и „Бубачки“ на режисерот Игор Иванов-Изи.

Директор на ревијата е Јорданчо Петковски („Филмоскопија“), а уметнички директор е Вардан Тозија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе