Во објектот „Мала станица“ при Националната галерија, на 13 ноември (среда) со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.
Според ДЛУМ, изложбата има цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, како и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ, јасно согледување на своето место во ликовниот простор на земјава во период од една година.