Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денес (петок, 8.11.2024 г.) во 12:00 часот во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе се обрати на прес-конференција по повод најновите ексклузивни откритија во Охридско-струшкиот Регион.
На прес-конференцијата, на која ќе бидат изложени ексклузивно сите пронајдоци, ќе присуствуваат и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и на Археолошкиот музеј од Скопје, Горан Патчев и Славица Бабамова, како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.