Ретроспективна изложба на Ибрахим Беди ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во Чифте амам, како дел од годишната програма на Националната галерија.
Во рамките на изложбата ќе бидат поставени дела од сите творечки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80-тите години на минатиот век до денес.
Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста што се темелат врз сопствената традиција и личната историја.
Куратор на ретроспективната изложба на Ибрахим Беди, која може да се разгледа до 21 ноември, е Горанчо Ѓорѓиевски.