„Ричард Трети“ премиерно на сцената на Народниот театар во Битола

од admin_kult

На сцената на Народниот театар во Битола, вечер со почеток од 20:00 часот премиерно ќе биде одиграна претставата ,,Ричард III“ од Вилијам  Шекспир,  со превод од Драги Михајловски, а во режија на Мартин Мирчевски.

Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите се на Андреј Ѓоргиевски-Папаз.

Најновата премиера во битолскиот Народен театар, трета по ред за сезоната 2024/25, е во рамките на програмата за одбележување на јубилејот на Театарот – 80 години постоење.

По повод јубилејот, од 6 до 14 ноември во Театарот, покрај премиерите, ќе има и други секојдневни настани.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе