Во Музејот на град Скопје утре (25 октомври) во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на керамички дела со наслов „Пикасо, можеби јас 2“ од Филип Фидановски.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 17 дела изработени во керамика, насликани со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан.
Куратор на изложбата е проф. д-р Кирил Пенушлиски.
Изложбата, која ќе биде отворена до 5 ноември, е под покровителство на Амбасадата на Кралството Шпанија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам.