На 30 октомври и на 2 ноември со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.
Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), а на 2 ноември: Наташа Трендафилова Гицев и Валери Љубенко (Украина).
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.