Министерот Љутков и катарскиот амбасадор Ал-Тани ќе ја развиваат соработката во културата и туризмот меѓу двете земји

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се сретна со амбасадорот на Државата Катар во Скопје, Џасим Хамад Ал-Тани, со кого размени информации и мислења за досегашната соработка на полето на културата меѓу двете земји, како и за можностите за идна соработка.

Министерот Љутков и амбасадорот Ал-Тани се согласија дека иако во 2011 година, при посетата на Емирот од Катар е потпишана Спогодба за соработка во областа на културата меѓу двете влади, сепак соработката и размената на културни содржини е на минимално ниво и далеку од можностите и желбите.

Соговорниците се договорија во наредниот период  да се организираат Денови на културата во двете земји, а претходно да се оствари средба на министерско ниво за да се прецизираат деталите за организирање на овие комплексни културни претставувања.

Министерот Љутков на средбата информираше и за проширената надлежност на Министерството за култура и туризам, напомнувајќи дека постојат големи потенцијали за соработка во областа на туризмот што треба да се искористат.

Катарскиот амбасадор истакна дека нашата држава и овој дел од Балканот има богата туристичка понуда, нагласувајќи ја потребата од поголема промоција.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе