По премиерата на фестивалот „Охридско лето“, утревечер (16 октомври) со почеток во 20 часот премиера на матичната сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе има претстaвата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски. Драматург е Сашо Димоски, а сценограф Валентин Светозарев, кој го изработи и дизајнот на плакатот.
Костимите се на Раде Василев и Елена Вангеловска, композитор е Сашко Костов, а изведбата на музика во живо е на Сашко Костов и Орхидеја Дукова. Кореографијата на сценски движења е на Васил Зафирчев. Во претставата играат: Исидор Јовановски, Васил Зафирчев, Талија Настова, Славица Манаскова, Весна Димитровска и други.